Симпозиуми
XXIV Симпозиум
Во периодот од 08 до 10 мај 2019 година во Струга се одржа XXIV Симпозиум на Македонското археолошко друштво. На симпозиумот беа презентирани 60 реферати поделени во 12 сесии, презентирајќи трудови кои се однесуваат на најновите откритија во македонската археологија, покривајќи теми од праисторијата сѐ до доцниот среден век. Рефератите од овој симпозиум ќе бидат објавени во списанието Macedoniae acta archaeologica бр. 24.
XXV Симпозиум
Во периодот од 24 до 26 ноември 2021, преку средствата за електронска комуникација се одржа XXV Симпозиум на Македонското археолошко друштво. Симпозиумот беше посветен на 50 годишнината од основањето на Друштвото. На овој Симпозиум кој поради пандемиските услови се одржа преку средствата за електронска комуникација учество зедоа четириесетина колега, презентирајќи 38 реферати, распоредени во 6 сесии.
XXVI Симпозиум
Во периодот од 18 до 20 октомври 2023 година, во Охрид се оддржа XXVI Симпозиум на Македонското археолошко друштво. На симпозиумот учество зедоа повеќе од 70 колеги од земјата и странство кои се претставија со 45 реферати подделени во 9 сесии. Со презентираните трудови се претставија најновите откритија во македонската археологија од најраната праисторија па се' до доцниот среден век. Се очекува рефератите да бидат публикувани во наредниот број на списанието Macedoniae acta archaeologica бр. 26. На отворањето на Симпозиумот беше презентиран последниот број на списението Macedoniae acta archaeologica бр. 25, промотор беше д-р Сања Ивановска Велкоска.











