Македонско археолошко друштво
Здружение за научно-истражувачки работи
Македонското археолошко друштво е основано во Прилеп во 1970 година. Тоа е асоцијација чие членство е целосно инкорпорирано во културните и научните институции во државата и кое, од една страна, создава услови за развој на археолошката наука, а од друга страна овозможува културен пробив со вредности надвор од земјата, Европа и светот.
Друштвото моментално брои над осумдесетина члена, а во текот на своето постоење во него членувале повеќе од 200 археолози.
Членство
Macedoniae acta archaeologica е стручно списание на Македонското археолошко друштво. Во списанието се публикуваат извештаи од теренските истражувања на македонските археолошки локалитети, прикази и рецензии на книги и изложби, библиографии итн. Хронолошки се опфатени периодите од длабоката праисторија па сѐ до доцниот среден век. Првиот број на списанието е публикуван во 1975 година, излегува во временски интервал еднаш на две години.
Трудовите во списанието подлежат на рецензија од страна на редакцискиот одбор.
Поднесувањето на прилози е целосно бесплатен.
Списанието излегува во печатена форма и електронски на интернет страната на списанието. Објавените трудови се достапни бесплатно, без ограничување на интернет страната на списанието. Авторите добиваат бесплатен примерок од печатеното издание.
Соджините се архивирани во PKP Preservation Network (PN), LOCKSS, CLOCKSS и Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје.
Линк до страната на списанието со отворен пристап:
Посебни изданија


