Во годинешните заштитни археолошки истражувања на Теодосијанската палата во Стоби, во една од просториите е откриен мозаичен под од 4 век од н.е. На мозаикот во централно поле изведено со ситни камчиња е претставен богот Дионис во седечка положба. Со неговата десна рака тој истура вино од кантарос, додека со левата го држи карактеристичниот скиптар наречен тирс (thyrsus). Останатиот дел од мозаикот е изведен со поголеми камчиња и други претстави кои се поврзани со атрибутите на богот Дионис, како на пример чаши, кантароси итн. На едниот кантарос, поставен странично на централното поле е идентификуван натпис ΠΙΕ ΖΗCΑΙC (ΠΙΕ ΖΗΣΑΙΣ) – ПИЈ И ЖИВЕЈ. Присутни се и голем дел на геометриски мотиви кои до сега не се забележани на мозаиците во Стоби.
Грандот го доделува Џ.М Каплан фонд а целиот проект се реализира со Фондација Балканско наследство од Стара Загора, Бугарија.

Извор: Официјална ФБ страна на НУ Стоби
Фотографии: НУ Стоби, 2023 година