За нас
Македонското археолошко друштво е основано во Прилеп во 1970 година
Тоа е асоцијација чие членство е целосно инкорпорирано во културните и научните институции во државата и кое, од една страна, создава услови за развој на археолошката наука, а од друга страна овозможува културен пробив со вредности надвор од земјата, Европа и светот. Друштвото моментално брои над осумдесетина члена, а во текот на своето постоење во него членувале повеќе од 200 археолози.
Друштвото во 1971 година го покренува и континуирано го печати најстарото списание целосно посветено на археологијата кај нас, насловено Macedoniae acta archaeologica, од кое до сега се отпечатени 25 броја достапни во печатена форма во библиотеките во земјата и странство, но и во електронска форма на интернет страната на Списанието. Друштвото има организирано изложби и публикувано монографии посветени на археологијата, организира јавни трибини и советувања за унапредување на археологијата, учествува во изработка на законски и подзаконски акти, итн.
Согласно важечките законски прописи Друштвото во неколку наврати извршило промени на називот, па освен со називот Македонско археолошко друштво во документацијата се среќава и како:
Археолошко друштво на СР Македонија (официјален назив 1970-1979)
Здружение на археолозите на СР Македонија (официјален назив 1979-1990)
Здружение на археолозите на Република Македонија (официјален назив 1991-1994)
Македонско археолошко научно друштво (официјален назив 1995-2018)
Македонско археолошко друштво (официјален назив од 2018 година)
Во минатото, Друштвото во соработка со музејските установи од земјата и странство ги има организирано следните изложби:
Праисторијата во Македонија (предисториски култури во Македонија, 1971 година во Штип, по повод VIII меѓународен конгрес за праисторијата и протоисторијата, одржан 1971 год. Во Белград), Народен музеј во Љубљана, СР Словенија (со археолошкиот музеј на Македонија).
Од археолошкото богатство на СР Македонија (по повод 30 години археологија во СР Македонија), 1980 година, Музеј на Македонија, Скопје, 1981 година, Завод и музеј Охрид.
Покрај изложбите, има организирано и бројни настани за промоција на археологијата во земјата и странство но и други стручни и научни собири, меѓу кои позначајни се:
Денови на словенечката археологија во Македонија, 16-17 декември 1986 година, Музеј на Македонија, Скопје
Денови на македонската археологија во Словенија, 25-28 мај 1987 година, Цанкарјев дом и Народен музеј, Љубљана
Тркалезна маса на тема „Неолитот и енеолитот во Македонија и нивниот однос со соседните области“, 3-4 јуни 1987 година, Музеј на Македонија, Скопје (со Сојузот на археолошките друштва на Југославија, Праисториска секција, претседател Војислав Санев)
Симпозиум на тема „Доцноантичка архитектура на тлото на Југославија“, 2-4 октомври 1987 година, хотел Палас – Охрид (со Сојузот на археолошките друштва на Југославија, Античка секција, претседател Вера Битракова Грозданова)
Предавање на тема „Прилог кон соработката на археологијата со физичката антропологија (проф. д-р Живко Микиќ, Филозофски факултет, Белград), 18 мај 1988 година, Музеј на Македонија, Скопје
Денови на хрватската археологија во Македонија, 17-18 мај 1989 година, Музеј на Македонија, Скопје
Јавна трибина на тема „Археолошките податоци за односот на претсловенското и словенското население во Македонија (проф. д-р Вера Битракова Грозданова, д-р Викторија Соколовска, проф. д-р Иван Микулчиќ, проф. д-р Блага Алексова, проф. д-р Елица Манева) 13.12.1991 година, Музеј на Македонија, Скопје (со Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје.
Јавна трибина на тема „Потребите од промена на правилникот за археолошки истражувања“ (проф. д-р Драги Митревски, д-р Силвана Блажевска, д-р Александра Папазовска Санев, д-р Сања Ивановска-Велкова, д-р Христијан Талески, Ване Секулов, м-р Билјана Јовановска), 20 април 2022 година, Музеј на град Неготино.
Од самото основање па се до денес значаен сегмент од работата на Друштвото е организирањето на редовниот Симпозиум на Македонското археолошко друштво на кој се презентираат најновите резултати од археолошките ископувања во Македонија. До сега организирани се XXVI симпозиуми и тоа:
1974 – I Симпозиум на Археолошкото друштво на СР Македонија, Скопје;
1975 – II Симпозиум на Археолошкото друштво на СР Македонија, одржан во Штип, 26-27, ноември 1975;
1976 – III Симпозиум на Археолошкото друштво на СР Македонија, одржан во Прилеп 1976;
1977 – IV Симпозиум на Археолошкото друштво на СР Македонија, одржан во Велес, 22-23, април 1977;
1978 – V Симпозиум на Археолошкото друштво на СР Македонија, одржан во Велес, 25-26, мај 1978;
1979 – VI Симпозиум на Здружението на археолозите на СР Македонија, одржан во Скопје, 24-25, декември 1979;
1980 – VII Симпозиум на Здружението на археолозите на СР Македонија, одржан во Скопје, 9-10, април 1980;
1981 – VIII Симпозиум на Здружението на археолозите на СР Македонија, одржан во Скопје, 25-26, ноември 1981;
1983 – IX Симпозиум на Здружението на археолозите на СР Македонија, одржан во Скопје, 11-12, мај 1983;
1985 – X Симпозиум на Здружението на археолозите на СР Македонија, одржан во Скопје, 8-10, октомври 1985;
1987 – XI Симпозиум на Здружението на археолозите на СР Македонија, одржан во Скопје, 20-22, ноември 1987;
1989 – XII Симпозиум на Здружението на археолозите на СР Македонија, одржан во Скопје, 14-15, декември 1989;
1991 – XIII Симпозиум на Здружението на археолозите на Република Македонија, одржан во Скопје, 1991;
1995 – XIV Симпозиум на Здружението на археолозите на Република Македонија, одржан во Свети Николе, 1995;
1997 – XV Симпозиум на Македонското археолошко научно друштво, одржан во Скопје, 26-28, ноември 1997;
1999 – XVI Симпозиум на Македонското археолошко научно друштво, одржан во Валандово, 1999;
2001 – XVII Симпозиум на Македонското археолошко научно друштво, одржан во Велес, 2001;
2004 – XVIII Симпозиум на Македонското археолошко научно друштво, одржан во Гевгелија, 2004;
2006 – XIX Симпозиум на Македонското археолошко научно друштво, одржан во Делчево, 2006;
2008 – XX Симпозиум на Македонското археолошко научно друштво, одржан во Кичево, 2008;
2010 – XXI Симпозиум на Македонското археолошко научно друштво, одржан во Струмица, 2010;
2012 – XXII Симпозиум на Македонското археолошко научно друштво, одржан во Дојран, 2012
2014 – XXIII Симпозиум на Македонското археолошко научно друштво, одржан во Виница, 2014;
2019 – XXIV Симпозиум на Македонското археолошко научно друштво, одржан во Струга, 2019;
2021 – XXV Симпозиум на Македонското археолошко научно друштво, одржан во Хибридно (Скопје – онлине), 2021;
2023 – XXVI Симпозиум на Македонското археолошко научно друштво, одржан во Охрид, 18-20, октомври 2023
Покрај публикувањето на списанието Macedoniae acta archaeologica, Друштвото ги има публикувано и следните изданија:
Паула Корошец и Јосип Корошец, Предисториска населба Барутница кај Амзибегово во Македонија : – извештај од ископувањето во 1960 – . Прилеп: Македонско археолошко друштво [Археолошко друштво на Македонија], 1973.
Праисторијата во Македонија (каталог од изложба). автори Војислав Санев, Драгица Симоска, Благоја Китаноски, Саржо Саржоски. Скопје: Археолошки музеј на Македонија : Македонско археолошко друштво [Археолошко друштво на СР Македонија], 1976.
Од археолошкото богатство на СР Македонија (каталог од изложба), автори Војислав Санев, Викторија Соколовска, Бошко Бабиќ. Скопје 1980.
ЗАМ Информатор 1, Здружение на археолозите на СР Македонија, Скопје 1986.
ЗАМ Информатор 2, Здружение на археолозите на СР Македонија, Скопје 1987.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ
Археолозите се здружуваат во Друштвото заради остварување на заеднички интереси за унапредување и развој на археологијата во Република Северна Македонија, за подигнување на нивото на стручна и научна подготвеност и заради застапување на нивните интереси.
ОРГАНИЗАЦИЈА
Работата на друштвото е организирана преку органите. Највисок орган на Друштвото е Собранието, додека Орган на управување на Друштвото е Претседателството. Постојат и посебни органи со надлежност за посебни сегменти во работата на Друштвото како што се Изборна комисија, Комисија за надзор, Комисија за етика, Издавачки совет.
ПРЕТСЕДАТЕЛИ
- Бошко Бабиќ 1970 – 1980
- Саржо Саржовски 1980 - 1982
- Костадин Кепески 1982 - 1983
- Вера Битракова Грозданова 1983 – 1985
- Паско Кузман 1985 - 1993
- Драги Митрески 1993 - 1997
- Воислав Санев 1998 - 2004
- Ирена Колиштркоска Настева 2004 - 2008
- Марина Ончевска Тодороска 2008 - 2012
- Марјан Јованов 2012 – 2018
- Александра Папазовска Санев 2018 - 2022
- Орданче Петров 2022 -